Тренерот на Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека остана задоволен од успехот со 2:1 нaд Рома во синоќешниот прв натпревар помеѓу двата тима од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.
– Го започнавме натпреварот многу добро и создадовме рана шанса која не успеавм да ја завршиме прецизно, изјави тој на прес-конференцијата по натпреварот.
– Потоа, Рома направи сериозни напори и постигнаа гол, но за наша радост се организиравме и го свртевме дуелот во наша корист. Ми се допадна како физички се држевме на теренот по паузата, смета Португалецот.
– Голманот на Рома имаше одличен натпревар и ако не беше тој, можеше да постигнеме уште еден гол. Да се игра против италијанските тимови е многу тешко, особено ако го добиете првиот удар. Тие се добро организирани во одбрана и тактички дисциплинирани, заврши тренерот на украинскиот тим.