
Оваа ноќ стана познато дека два од најновите руски борбени авиони Су-57 (Т-50) беа снимени од објективите на камерите за време на својот прв лет над небото на Сирија, соопшти rusvesna.su повикувајќи се на сириски медиумски активисти од градот Џебла.
Тие ја прелетале авиобазата Хмејмим во составот на група заедно со 4 ловци Су-35С, 4 бомбардери Су-25 и авион за далечно радарски откривање и управување А-50.