Кинези му даваат 15 милиони евра годишно на Торес

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Далиан Ифан, новакот во кинеската елита, е подготвен да му плати на Фернандо Торес 15 милиони евра годишно, пишува весникот „АС“.

Оваа недела имаше извештаи за проблеми меѓу напаѓачот и тренерот Диего Симеоне, кој не гарантира дека „детето“ ќе биде дел од Атлетико Мадрид следната година.

Ова доведе до многу гласини за иднината на напаѓачот, чиј договор со тимот од главниот град истекува до 30 јуни и се чини дека Шпанците немаат намера да му понудат нов.

Понудата на кинезите изгледа примамлива, па веројатно нема да биде големо изненадување ако Торес се одлучи за милионите од Далечниот Исток.

Но, тој може да има друштво во Далиан, бидејќи тимот е исто така заинтересиран за Јаник Фереира Караско, за кого понудата е помала – 10 милиони евра за сезона.

Торес одигра цел дуел во реваншот против ФК Копенхаген во 1/16-финалето на Лигата на Европа, но голот го постигна Кевин Гамеиро. Атлетико го освоил првиот натпревар со 4-1, и се пласира напред.

Слични содржини