Проектот за ветерни електрани на јавен увид во Богаданци

од desk2
66 прегледи

Општина Богданци денеска на јавен увид пред граѓаните го изложи Нацрт извештајот за стратегиската оцена на животната средина на инфраструктурниот проект за изградба на ветерни електрани, далекувод, пристапен пат и трафостаница на ридовите источно од Стојаково, односно јужно од постојниот ветерен парк кон границата со Грција.


Нацрт извештајот е изложен во просториите на локалната самоуправа во Богданци, каде во наредните триесет дена, во времето од 8 до 16 часот, секој работен ден ќе биде на увид на сите заинтересирани и засегнати граѓани на општина Богданци.

Физичките и правните лица, во врска со изложениот нацрт извештај на инфраструктурниот проект за изградба на ветерните електрани, можат да достават свои мислења, предлози и забелешки најдоцна до 25 март во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на општина Богданци.

Јавната расправа,на која можат да учествуваат сите граѓани на општина Богданци, ќе се одржи на 12 март во просториите на основното училиште во Стојаково.