Јунајтед го кочи новиот договор на Марсиал, можна е разделба

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Антони Марсиал за нов договор во оваа фаза беа прекинати и Французинот веќе прави планови за промена на клупската припадност, соопштува „RMC Sport“.

Актуелниот договор на Марсиал е до 2019 година и има голема веројатност „црвените ѓаволи“ да прифатат понуда за него во текот на летото.
 
Агентот на Марсиал се сретнал со раководството на Јунајтед во декември и потоа се очекувало да му биде понудено нов договор, но тоа не се случило.
 
22-годишниот Марсиал, автор на 11 гола и 9 асистенции во 37 натпревари оваа сезона, е вчудоневиден од развојот на настаните и навреден од односот кон него.
 
Играчот го запрел процесот на купување на домот што го избрал во Манчестер. Се смета дека преговорите најверојатно се прекинати поради привлекувањето на Алексис Санчез во јануари.
 
Кандидати за францускиот напаѓач се Тотенхем и Интер.

Слични содржини