Иво Вајгел: ЕУ конечно ја сфати важноста на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Целата Европска Унија конечно ја сфати важноста на земјите од Западен Балкан. Ова е потврдено со неодамнешната стратегија за проширување на ЕУ со земјите од регионот,  изјави известувачот за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгел.

“Стратегијата на ЕК е многу сериозен и стратешки документ кој не е редовен извештај, туку стратегија за следните 10 години”, рече тој. “Тоа е сведоштво дека цела ЕУ, цела Европа, ја сфати важноста на Западен Балкан, а Македонија лежи во срцето на Западен Балкан”, рече Вајгл.