Вардар со минимален пораз кај Нант

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Европскиот шампион Вардар вечерва беше поразен од Нант (27:26) но останува на првото место во својата група и по 13. коло на машката Лига на шампиони. Директниот пласман во четвртфиналето Раул Гонзалез и неговите избраници ќе го бараат на дуелот со Вислак.

Вардар во текот на целиот натпревар играше под своето ниво и бркаше негатива. На крајот се врати го голем стил, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Гурбиндо со осум, Балагер даде шест, а Клајн пет гола. Кај Вардар се истакнаа Дибиров и Циндриќ со по четири гола. Думулин собра 15 одбрани на домашниот гол, а Штербик беше автор на 11 кај гостите.

По овој дуел, „црвено-црните“ имаат 20 бода, еден повеќе од Нант. Французите во следното коло се гости на Рајн Некар, пак што му оди во прилог на Вардар, кој никако не смее да изгуби на домашен терен, на кој засега нема пораз.

Слични содржини