Филипче: Законот за лекови неделава во собраниска процедура

од desk2
67 прегледи

По завршните консултации со правниците, Законот за лекови и медицински средства ќе биде вратен во собраниска процедура на прво читање – ова денеска го истака министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе има јавна расправа за да ги образложат деталите за промените кои ги направиле.

Министерот рече дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела планираат состанок во владата, заедно со премиерот за да ја донесат дефинитивната одлука за изградба на нов Клинички центар.