Во Словачка ликвидиран новинар и неговата девојка – пишувал за голема афера на владеачката партија

од desk2
114 прегледи

Најновото истражување на словачкиот новинар Јан Кучиак за “Aktuality” ја опфаќало сомнителната даночна проневера поврзана со луксузен апартмански комплекс во главниот град Братислава.

Словачкиот истражувачки новинар кој што ја открил даночната измама на бизнисмени поврзани со владеачката партја, бил убиен во неговата семејна куќа минатиот викенд заедно со неговата девојка, откри интернет страницата “Dennik N” денес, цитирајќи го соопштението на министерството за внатрешни работи.

“Dennik N” пренесува дека 27-годишниот Јан Кучиак, новинар на информативниот веб портал “aktuality.sk” бил убиен заедно со неговата девојка на место околу 65 километри источно од словачкиот главен град Братислава.

Од словачкото Министерство за внатрешни работи не биле достапни за тамошните медиуми за коментар во врска со убиството, но најавиле дека ќе биде одржана специјална прес-конференција подоцна во текот на денешниот ден.

Кучиак неодамна истражувал и открил дека бизнисмени поврзани со словачката владеачка партија, извршиле сомнителна даночна измама со која што ја оштетиле државата, а истата била поврзана со луксузен апартмански комплекс во Братислава.


Токму овој случај околу изградбата на луксузниот апартмански комплекс минатата година предизвика избивање на протести во кои што демонстрантите барааа министерот за внатрешни работи Роберт Калинак да поднесе оставка поради неговите бизнис врски со агентот за недвижнини Ладислав Бастернак кој што е обвинет за затајување на данок.