За грчките граѓани прашањето на идентитетот и на името се споени, вели Милитиадис Сарианидис, кој е професор на одделот за меѓународни студии на Правниот факултет на Универзитетот Аристотел во Солун во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој смета дека има подобри можности за да се излезе со добро решение за двете страни споредено со ситуацијата која беше пред две години или пет години или нешто така. „Пред се би кажал дека има подобри ставови од двете влади, не само од Грција, туку целосно од Европската унија НАТО или САД“, вели Сарианидис.
Како можно решение смета дека може да биде решение кое ќе биде компромис за прашањето за името и истовремено ќе обезбеди гаранции дека нема иредентистички барања или барања кон историските случувања.
„Верувам дека грчката страна ќе биде задоволна со договор со кој ќе се дефинира потеклото на луѓето во Поранешната југословенска република Македонија и на пример ќе обезбеди осигурување како да кажам, дека нема поврзување со грчката историја“, додава тој.
„Вашиот идентитет го дефинира вашето име и вашето име е поврзано со вашиот идентитет, па или ќе имате име во сооднос со идентитетот или обратно. Ако прашањето за идентитетот биде решено задоволително верувам дека нема да има проблеми или несогласувања меѓу двете земји. Севкупно мислам дека двете земји треба да соработуваат и тоа е мое силно убедување, дека двете земји имаат заеднички интерес, повеќе зеднички интреси споредено со некакви интереси на вашата земја со Албанија, Бугарија или Србија.“, вели Сарианидис.
Додава дека во многу земји, не само во Грција, прашањата што се однесуваат на надворешната политика се прашања што се користат и во домашната политика за да манипулираат со јавното мислење.
„Јас верувам дека луѓето на Грција треба да бидат повеќе добро информирани не само за името, бидејќи знаете името е само на врвот на сантата мраз, под површината на морето вие може да видите цела санта мраз каде што се прашањата важни за грчките граѓани, прашањата за идентитетот, прашањата за механизмот кој ќе го спречи развојот на иредентистичките барања итн“, вели Сарианидис.
Според бего двете страни имаат проблем и двете играат „кокошкина игра“ (да попуштат или да дозволат другиот да победи) го користат референдумот или протестите на луѓето како претекст за да ги зацврстат или олеснат своите позиции во преговорите.
„Верувам дека тој тип на дипломатија е тип на лоша дипломатија кој ја открива силата и слабоста на двете влади, на двете коалиции. Јас верувам дека има волја и убеден сум дека исто како што и владата на Заев и владата на Ципрас сакаат да забележат национален успех преставувајќи решение кое ќе биде одржливо, добро и ќе ги задоволува главните точки кои се важни за Грците“, додава тој./РСЕ