Епл ќе го претстави најголемиот ајфон досега

од Vladimir Zorba
309 прегледи

  Епл се очекува да претстават три нови смартфони во втората половина на годината, што ќе имаат сличен дизајн со актуелниот ајфон X.

Eдниот модел ќе го задржи размерот на екранот од 5.8 инчи, како сегашниот смартфон, а другите два уреда ќе бидат со 6.1 и 6.5-инчни дисплеи. Најскапите две конфигурации ќе се базирани на OЛЕД технологијата.
Моделот се развива со кодно име „Д33“ и се очекува да има резолуција од 2688х1242 пиксели и 6,5-инчен OЛЕД екран. Уредот исто така ќе има напредна „ФејсАјДи“ функција за откривање на лице, која исто така може да се користи за мобилни плаќања. Заоблените рабови на краевите повторно ќе бидат од нерѓосувачки челик и тоа ќе придонесе за луксузниот дизајн. Двата нови паметни телефона со 6,1 и 6,5-инчни дисплеи ќе работат на A12 процесорите на Епл.
Компанијата исто така планира да ги продава своите верзии во премиум златна боја. Епл ја разгледува можноста за продажба и конфигурирање со две СИМ картички на моделот со 6,5 инчи. Тоа е функција која досега не е поддржана од кој било ајфон.
Во исто време, најевтиниот модел во новата серија ќе има алуминиумско куќиште, дисплеј со минимални рамки и ќе поддржи „ФејсАјДи“.
Трите уреди ќе понудат и подобри камери.