153
Поранешниот напаѓач на Рома, Интер и Јувентус Пабло Освалдо е подготвен да се врати во фудбалот. Неговата одлука дојде откако пред две години се откажа, за да се концентрира на својата музичка кариера.
За последен пат, напаѓачот играше за Бока Јуниорс во јануари 2016 година и одби да оди во Киево истото лето. Сепак, во Аргентина пишуваат дека Освалдо е подготвен да игра за третолигашот Талерес де Римедиос де Ескалада.
Освалдо веќе тренира со тимот и се очекува да игра во некои пријателски натпревари. Ако сè е во ред, во март ќе дебитира во официјален меч.
Освалдо исто така беше италијански репрезентативец и во 14 натпревари постигна 4 гола.