Полицајка вербално нападната од функционер на ДУИ

од desk2
110 прегледи

Пајак се обидел да однесе непрописно паркирано возило на крстосница во Скопје, а полицајката била вербално нападната од сопственикот на автомобилот.

Според полицискиот билтен, денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот.

Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Дел од македонските медиуми пишуваат дека се работи за функционер на ДУИ