255
Манчестер Јунајтед ќе направи нов среден ред во текот на летото, целосно купен од Серија А.
Според „Corriere dello Sport“, тимот ќе се обиде да го привлече Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Жоржињо од Наполи по секоја цена.
Тие се меѓу топ трансфер целите пред Жозе Мурињо и тој ги сака по секоја цена на „Олд Трафорд“.
Тие се очекува да го заменат Мајкл Керик, кој ќе заврши со фудбалот по крајот на сезоната и Маруан Фелани, кој сигурно ќе замине.
Србинот од составот на „римските орли“ е споредуван дури со легендарниот Френк Лампард од пред неколку години, а интересот за него е огромен во последните месеци.
Ако Јунајтед не успее да ги земе овие дваца, тогаш меѓу опциите пред тимот ќе бидат Жан Мишел Сери и Виктор Ванјама.