Двајца загинати во пукањето на американски универзитет во Мичиген

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Најмалку две лица загинале во пукањето што се случи на територијата на Централниот Универзитетот во Мичиген во американскиот град Маунт Плезент, соопшти телевизијата “Фокс њуз”, повикувајќи се на претставници на органите на редот.

Досега оваа информација официјално не е потврдена. Претходно, беше објавено дека имало пукање во универзитетскиот кампус на универзитетот. Полицијата ги повика сите предавачи и студенти да се скријат. Осомничениот е сé уште на слобода.

Тоа е 19-годишен црн човек кој е вооружен и опасен, предупреди полицијата. Пукањето било на четвртиот кат на универзитетскиот дом, според телевизискиот канал WDIV. Инцидентот се случи две недели откако 17 лица беа убиени во училиште во Флорида, кое повторно да ја разгори дебатата за насилството со огнено оружје во САД. / ТАСС