318
Неверојатни работи видовме на дербито помеѓу Порто и Спортинг (2:1) од првенството на Португалија.
Грдите сцени се случија околу 60-тата минута, кога еден од луѓето одговорни за носилки, се обиде да го забави вметнувањето на топката во игра.
Човекот од медицинскиот штаб ја турна топката под клупата и не му дозволи на Фабио Коентрао да ја обнови играта, по што беше турнат.
Настапи турканици во која играчи на двата гиганти влегоа во конфликт, а судијата го отстрани од теренот виновникот за инцидентот – човекот со носилки.