ОБНОВЕНА: Истрели пред Белата куќа

од Vladimir Zorba
118 прегледи

  Во близина на северната ограда на Белата куќа во Вашингтон се слушнале истрели, јавија американските медиуми.

Тајната служба на САД ја потврди информацијата, истакнувајќи оти е истрелан најмалку еден куршум.

Неидентификуван маж денеска се обидел да се самоубие пред Белата куќа, соопштија подоцна од  американската Тајна служба.

Според американските медиуми на местото на инцидентот се наоѓа лекарска екипа. Американскиот претседател се наоѓа во Флорида и треба да се врати во текот на денот.

Претходно, американските медиуми јавија дека најмалку еден куршум е истрелан во близина на северната ограда на Белата куќа.