Стар 101 за време на возење се запали во скопски Чаир

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 Автомобил марка „Застава 101“ попладнево се запали додека се движеше по улицата „Цветан Димов“ во Чаир.

Како што изјавија за МИА од МВР, пожарот избувнал во 17:40 часот додека А.Т.(1991) го управувала своето возило. Пожарот набрзо потоа бил изгаснат, а во гаснењето помогнале многу граѓани.

Според очевидци била избегната поголема трагедија затоа што навреме бил запрен плинскиот дотур на возилото

Нема повредени во инцидентот