Многуте модни ангажмани, покани од Vogue за фотосесии и партнерства со модни куќи се секогаш индикатор за успешен развој во модната кариера, но едно нешто зборува за вистински скок – Chanel.
Каја Гербер која вешто беше претставена од мајка си Синди Крафорд, го претстави своето деби за Карл Лагерфелд, станувајќи лице на новата кампања.
Проектот за рекламирање на француската модна куќа го презентира Каја во станот на Коко Шанел во Париз, претставувајќи ги новите предлози на Шанел.
Моделот застанува пред објективот на Кајзер Карл, кој веќе некое време влегува во улогата на фотограф за модната куќа со чантите Gabrielle и Boy.
Покрај тоа, Каја ќе се здружи со Карл Лагерфелд и ќе создаде линија на
производи и додатоци кои очекуваме да ги видиме во септември.

Можете да ги видите сите рекламни кампањски снимки во нашата галерија.