Најактуелните обувки за оваа сезона

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Новите колекции на големите модни куќи секогаш предизвикуваат возбуда кај модерните дами кои сакаат да бидат во тренд.

Во однос на една голема страст – чевлите, сигурно Jimmy Choo е меѓу водечките компании кои ја одредуваат насоката на новите трендови.

Откако ги видовме чевлите на модна писта во септември, колаборацијата меѓу модната куќа и брендот Off-White се појави и онлајн.

Колекцијата ги вклучува култните модели  кои се движат од сандали со каишки на високи штикли со горен слој од проѕирна материја, кожени чизми до рамни сандали.

Секако дека се присутни и класичните и задолжителни цветни мотиви и принтови во линии и така актуелниот тренд со логоа, кој оваа година ги промени сите производи на големите брендови.

Можете да ги погледнете моделите на Џими Чу во нашата галерија.