Удар за Холандија, Снајдер се откажа од националниот тим

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Поранешната ѕвезда на Интер и актуелен играч на Ал Гарафа, Весли Снајдер официјално објави дека става крај на својата кариера во националниот тим на Холандија.

Играчот сопира со настапите на меѓународно ниво на возраст од 33 години.

Тој е рекордер по натпревари за „лалињата“ со своите 133 дуели, откако го надмина претходниот рекордер Едвин ван дер Сар, кој има на сметката 130 натпревари.

Како дел од холандскиот национален тим, Весли стана освојувач на сребрениот медал на Мундијалот во 2010 година и бронзениот на оној во 2014 година.

Тој, исто така постигна 31 гол за својата татковина. вз

Слични содржини