МВР: Нема законска можност да ги објавимe снимките од случајот со полицајката

од desk2
112 прегледи

Јавниот настап на полицијата за случајот со нападнатата полицајка е избрзан, МВР требало да чека прво внатрешната контрола да го расчисти инцидентот, а дури потоа да излезе со информација за јавноста – смета поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски. Според него, прераната оценка на МВР ја изиритира јавноста и прати лоша порака, јави 24 Вести.

„Се случи со оваа изјава дадена во јавноста дадена од страна на министерството даде многу лоша порака до сите оние структури кои што имаат намера да не го почитуваат законот. За жал, во овие моменти имаме граѓани кои и тоа како не сакаат да ги почитуваат законите.“, вели Љубомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР

Барањата на јавноста да се објават снимките од сообраќајните безбедносни камери се се погласни, а постојат и лиферувања дека има и аматерски снимки. Вчера министерот ги повика сите што имаат снимки да ги достават до МВР. Јавноста сепак нема да ги добие снимките од безбедносните камери кои, според изјавата на директорот на БЈБ, се испратени до обвинителството.

„Постои процедура законска во кои рамки и на кој начин се обезбедуваат снимките и се доставуваат до ОЈО и од тие причини ние не сме во можност да ги објавиме снимките во медиумите, туку наша законска обврска е сите снимки да ги доставиме до ОЈО“, вели Лазе Велковски – Директор на БЈБ

Поранешниот началник Ѓурчевски ја оправдува ваквата изјава на Велковски бидејќи смета дека снимките се доказен материјал, за кој понатаму треба да постапува и известува Јавното обвинителство. Поранешниот началник вели дека јавноста е дополнително изритирана од изјавата на нападнатата полицајка.

„Навистина е гаф од нејзина страна кој не иритира сите како поранешни полициски службеници. Се случило што се случило, но да убедува дека се повредила удирајќи се во пајакот тоа е исто како самоубиство седум пати со седум куршуми – се фрлал на пиштолот, имавме таков случај во деведесетите “, вели Љубомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР

Премиерот денеска, прашан за инцидентот накратко рече дека осудува секаков вид насилство и дека службите веќе постапуваат по случајот. На органите на правдата се повика и Али Ахмети без да го коментира однесувањето на својот сопартиец Бекир Асани. Асани во јавноста веќе има насилничка репутација. Тој беше вмешан во инцидентот со поставувањето на Орелот во Чаир, а истепаниот Тодор Петров директно го посочи Асани како напаѓач. Бекир Асани за овој случај заработи кривична пријава, за која се уште нема информации од јавното обвинителство. За време на објавување на прислушуваните разговори, Асани му се закануваше на тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев./24 Vesti