205
Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган сруши рекорд во Премиер лигата за време на вчерашната победа со 1:0 над Челзи, која практично ја запечати титулата на „граѓаните“.
Германскиот фудбалер беше еден од најдобрите на теренот и не запираше да дава пасови, откако на крајот статистиката забележа 174 пасови – за шест повеќе од претходниот рекорд на Јаја Туре, поставен во 2011 година против Стоук Сити.
Впечатливо е дека Гундоган постигна 96% успех при неговите подавања. Во топ 5 во престижната листа влегуваат уште Санти Касорла (Арсенал), Жоел Матип (Ливерпул) и Цеск Фабрегас (Челзи).