Универзален борец продолжува со Баерн до 2023?

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Крајниот дефанзивец на Баерн Минхен, Џошуа Кимих се разбрал со раководството на клубот за нов договор, тврди авторитетното списание „Кикер“.

Според изданието, 23-годишниот универзален фудбалер кој може да делува подеднакво добро исто како крило, стопер и потпорен играч, ќе го продолжи својот договор до 2022 или 2023 година.

Донесен во 2015 година од Лајпциг, фудбалерот има актуелен договор за уште две сезони со најуспешниот германски тим. Во оваа сезона тој дејствува на позицијата на Филип Лам, кој се откажа од фудбалот и се справи повеќе од добро.

Интересно е дека во кампањата Кимих е втор најдобар подавач во Бундеслигата со 8 асистенции, откако отстапува само од Филип Макс од Аугсбург (11).

Слични содржини