Реал го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Реал Мадрид успеа да го елиминира ПСЖ и да се квалификува за четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Белите“ победија со 2:1 во францускиот главен град во реванш дуелот од осминафиналето на најпрестижниот фудбалски турнир на Стариот континент.

Така со вкупен резултат од 5:2 во двата меча, „кралевите“ продолжуваат со одбраната на титулата.

Роналдо го отвори резултатот со гол во 51-та минута. Кавани израмни во 71-та, а Касемиро го постави конечниот резултат во 80-тата.

Дефинитивно во составот на парижаните се почуствува отсуството на ѕвездата Нејмар. Бразилецот е тешко повреден и не играше денес откако претрпе операција минатиот викенд.

Парижаните останаа и со играч помалку во 65-тата минута поради црвениот картон на Верати.

Ливерпул исто тка се пласираше во најдобрите 8 екипи во Европа, откако го елиминираше Порто.

Реваншот на „Енфилд“ заврши без голови, но се беше јасно по првиот меч во кој „црвените“ го поразија својот противник како гостин со 5:0.

Слични содржини