
Фиорентина одлучи да му оддаде почит со исклучително трогателен клип во спомен на нивниот ненадејно починат капитен, Давиде Астори.
„Виолетовите“ објавија на нивната официјална страница компилација на кадри со 31-годишниот дефанзивец. Видеото е насловено како „Засекогаш со нас Асто“.
Потсетуваме дека погребот на Астори е утре во Фиренца.