Судењето за „Топлик“ одложено поради болест на еден од обвинетите

од desk2
86 прегледи

Кривичниот суд денеска го одложи судењето за случајот на СЈО „Топлик“ поради отсуство на обвинетиот Димитар Димовски. Адвокатот на обвинетиот Димовски до судот достави медицинска документација и нагласи дека утрово неговиот клиент поради нарушена здравствена состојба завршил во болница.

Судијата Осман Шабани истакна дека во медицинската документација која е доставена до судот стои дека обвинетиот има препишана терапија за дома. На ова адвокатот одговори дека на обвинетиот му било отворено боледување, а документација ќе биде доставена и до судот.

Шабани го одложи рочиштето и следното го закажа за 30 март.

Во „Топлик” првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е обвинет дека како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа./Мета