Мадона и Ким Крадашија влегуваат во заеднички бизнис

од Vladimir Zorba
225 прегледи

МDNA vs. KKW – под овој наслов се одржа настан во Лос Анџелес, на која двете личности го претставија својот прв заеднички бизнис проект – MDNA Skin и KKW Beauty. Како што е познато, станува збор за козметика и убавина.

Мадона објави тизер на рекламата на нејзината страница на Инстаграм. 59-годишната популарна легенда објави црно-бело видео со наслов „When Worlds Collide“.

„Успеавме да извлечеме матични клетки и да ставиме сè на едно место“. Така пејачката го промовира нејзиниот „Reinvention Cream“.

Линијата за нега на кожа на Мадона се продава во Азија од 2014 година, но сега може да се најде во луксузни продавници на Barney’s во САД. Постојат шест производи и додатоци, а цената се движи од 50 до 600 долари.

За возврат, Ким Крадашијан неодамна лансираше суперуспешна серија парфеми и декоративна козметика.

Слични содржини