Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не ја криеше среќата по победата над Ливерпул со 2:1 во дербито од 30-тото коло на англиската Премиер лига.
„Може да го поделиме натпреварот на два дела – првото полувреме беше за Јунајтед, второто за Ливерпул, но според мене нашето полувреме беше со голови и опасности. Во втората половина, Ливерпул ја контролираше топката, но ние го контролиравме натпреварот. Цело време ја имавме контрола и мислам дека ја заслуживме победата.
Против Ливерпул, ако играш слабо, кога владееш со топката, може да имаш проблеми. Ние немавме намера да бидеме толку дефанзивни по паузата. Тоа не беше наша намера за втората половина, не можам да кажам дека тоа беше нашиот план.
Ливерпул нè притисна во дефанзива, но го задржавме нашиот темперамент. Не ми текнува на опасни ситуации пред нашиот гол. Ако некој мисли дека не ја заслуживме победата, не ми е гајле. Малку сум уморен, во вторник имаме меч. Не сум возбуден поради тоа што велат луѓето. Момчињата се среќни, среќен сум и јас“, рече Мурињо.