По макотрпни преговори конечно е познат составот на Германската влада. Според германските медиуми поголемиот број се непознати лица.

„Се е ново во третата широка коалиција во ерата на Ангела Меркел – во ЦДУ и во СПД дојде до невообичаено многу персонални промени пред крајот на повеќемесечниот процес на фоермирање на владата. Десет нови лица , три промени на ресорите . Само двајца министри и шефицата на Владата остана ана истите места,” пишува весникот Велт.
Најстариот министер годинава ќе наполни 69 години , додека двајца нови се уште во своите триесетти. Во среда, на 14 март во Бундестагот ќе биде избрана четвртата влада на Ангела Меркел.
Тоа претставува продолжеток на коалицирањето меѓу Демохристијаните и нивните политички опоненети , Социјалдемократите, што се случи по речиси половина година преговарање и тактизирање.
Двете најсилни политички групации на изборите во септември освоија 14 проценти помалку гласови отколку во 2013, што посебно тешко ги погоди Социјалдемократите.
Тие во новата влада за прв пат го добија ресорот финансии што ќе го води досегашниот градоначалник на Хамбург , Олаф Шолц. СПД ги доби и ресорите надворешна политика, правда, труд, семејсто и животна средина.