Променливо време со повремен дожд

од Vladimir Zorba
78 прегледи

   Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневните температури од 10 до 20 степени целзиусови.

Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд. Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.