Францускиот гигант ПСЖ за приоритетна цел си поставил да го привлече во текот на летото халфот на Челзи, Н’Голо Канте, тврди Canal +.
Лидерите на клубот се импресионирани од квалитетите на францускиот репрезентативец и го сакаат по секоја цена во главниот град.
Иако постот на Унаи Емери се ниша, овој трансфер не зависи особено од него, бидејќи самите шефови на клубот од Париз го сакаат силно халфот.
Јасно е дека ПСЖ го следи и Фабињо од Монако како алтернатива.
Тимот бара долгорочен наследник на ветеранот Тиаго Мота и двајцата влегуваат во овој спектар.