211
Со победата над Ајнтрахт Франкфурт во неделата вечер, тимот на Борусија Дортмунд направи чекор напред во вечниот рејтинг на Бундеслигата.
Тимот од Вестфалија веќе е трет, откако се израмни со Хамбургер по број на освоени поени – 2720, но има подобра гол разлика.
Следната цел на „жолто-црните“ е да се измести од второто место Вердер Бремен, кој има 32 бода повеќе.
Убедлив лидер е Баерн Минхен со 3.591 поени од Бундеслигата.