Раководството на загрозениот од испаѓање Хамбургер го отпушти тренерот на тимот, Бернд Холербах, објави „Билд“.
Хамбургер, европски клубски шампион од 1983 година и единствениот тим, кој никогаш не испаднал од Бундеслигата, беше поразен од Баерн Минхен со 0:6 во саботата и го зазема претпоследното место на табелата на седум бода од зоната за спас на осум кола пред крајот на сезоната.
Поранешниот дефанзивец на Хамбурер и миленик на навивачите Холербах, беше назначен на функцијата во јануари на местото на отпуштениот Маркус Гиздол.
Раководството имаше надежи дека Холербах ќе го извади тимот од кризата, но тоа не се случи и тимот допушти три реми и четири порази под негово раководство.
Според „Кикер“, привремен тренер на Хамбургер ќе биде Кристијан Тиц, кој е на чело на младинскиот тим до 21 година.