Торнадо повреди осуммина, од кои еден посериозно, во јужна Италија во близина на градот Касерта, северно од Неапол.

Торнадото во понеделник ноќта предизвика и големи штети во блиските градови, каде корнеше дрвја и туркаше знаци од фирми и билбодри.
Торнадото беснееше во Касерта половина до еден час околу 19 часот, со брзина од 220 км/ч.
Комбе паркирано на сервисна станица било превртено од силните ветришта, додека шест паркирани каравани исто така биле подигнати во воздух, при што бил во прекин патот А1. Властите затворија повеќе патишта на неколку часа.
На два километри од Касерта знак на Бургер кинг паднал врз возила што што направил големи штети, но нема повредени. Неколку балкони биле откорнати од зградите.
Во вторник затворени се училиштата во Мадалони, град со 40.000 жители, додека да се проверат зградите.
MAJOR tornado reported in Caserta, Campania, S Italy this evening, March 12! Report: Caserta News pic.twitter.com/hG7zRxsMWm
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) March 12, 2018