291
Тренерот на Наполи, Маурицио Сари се извини на новинарката за сексистичкиот одговор за време на прес-конференцијата по натпреварот со Интер (0:0).
Сари остана незадоволен од прашање дали ремито го оддалечува Наполи од Скудетото и одговори: „Вие сте жена, убава сте и поради овие две причини нема да ви кажам да одите по ѓаволите“.
Подоцна, 59-годишниот специјалист се јавил на новинарката и се извинил. Агентот на Сари – Алесандро Пелегрини, објасни дека Сари се пошегувал и не може да станува збор за дискриминација.
„Читам дека некои ја толкуваат оваа фраза како сексистичка што е смешно. Се гледа дека Маурицио само се шегува“, рече Пелегрини пред „Топ калчо 24“.