Пороен дожд со грмежи во сабота, од недела опаѓање на температурите

од desk2
82 прегледи

Нестабилно време со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи се очекува во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Преку ден ќе дува јужен ветер кој ќе предизвика значително повисоки дневни температури кои ќе достигнат дури до 25-тиот степен.


Локално се очекуваат поинтензивни процеси, а врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови кога температурите ќе бидат во опаѓање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат локален дожд и ретки грмежи за денеска попладне, а краткотраен дожд ќе има и во Скопската котлина.