Малолетници донеле новороденче во полиција поради негрижа од родителите

од desk2
96 прегледи

Во неделата нешто пред полноќ, во Полициската станица Бит Пазар дошле две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои донеле новороденче родено 04.03.2018 година, а кое не било пријавено во евиденциите на Матичната книга на родените.

Тие изјавиле дека бебето било запуштено и било без грижа од родителите М.Ш. и К.Н.

Од страна на полициски службеник бил извршен разговор со родителите, а новороденото бебе било предадено на социјален работник од Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.