Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ќе биде најверојатно следниот нов тренер на францускиот гигант ПСЖ, тврди „Sport Illustrated“.
Според последните информации токму тој е главниот фаворит на шефовите на парискиот клуб и се очекува наскоро двете страни да се ракуваат.
Познато е дека Италијанецот е во многу остар конфликт со Роман Абрамович и остатокот од раководството на овој тим и дури пред неколку недели си дозволи јавно да го критикува шефот.
Како капак на сѐ, тимот отпадна од Лигата на шампионите во 1/8-финалето по поразот во реваншот од Барселона со 0:3, а на пат е да ја направи сезоната за тимот уште пофрустрирачка.
Во Англија се убедени дека во текот на летото, двете страни ќе се разделат. Истото важи и за ПСЖ и Емери, кој сигурно ќе замине.