Нејмар е затвореник – емирот од Катар не го пушта од ПСЖ пред 2019 година

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи открил пред таткото на ѕвездата на тимот Нејмар дека Катар нема да дозволи на играчот да го напушти клубот пред 2019 година, соопштува Mundo Deportivo.

Тамим бин Хамад Ал Тани, емирот на Катар, кој е сопственик на ПСЖ, не сака ни да слуша за разделба со Бразилецот во идното лето. Емирот го стави напаѓачот во центарот на проектот што оди подалеку од спортскиот успех на францускиот тим.

Катарците сметаат дека Нејмар може да го освои Светското првенство во Русија со Бразил, а оттаму да добие и „Златната топка“, која може да се претвори во маркетинг кампања не само со цел зголемување на приходите, но и како пропаганда за Катар.

Насер Ал-Хелаифи, кој пред неколку дена го посетил Нејмар во Бразил, му ја кажал цврстата позиција на клубот. Сепак, тој ја изрази својата подготвеност да му овозможи на играчот поудобни услови за престој во Париз и вети дека ќе создаде конкурентен тим за Лигата на шампионите.

Минатата недела авторитетни изданија како Mundo Deportivo, Globo Esporte и UOL Esporte објавија дека ѕвездата жали за трансферот во ПСЖ и сака да се врати во Барселона.

Друга опција за Нејмар, за која се шпекулира во медиумите, е тој да премине во Реал Мадрид за 400 милиони евра, откако спортскиот концерн Nike е подготвен да го кофинансира трансферот.

Слични содржини