Група Македонци од Калгари протестираа против Законот за јазици

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу Албанската заедница и остатокот на Македонското општество.

Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските чковекови права за само иднетификација и го презира дигнитето и достоинството на Македонската нација каде и да сме.

Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето Уставно Име.