Зоран Заев минатиот март лично тврдеше дека експертите му ја укажале за неуставноста на секое решение кое би предвидувало двојазични пари и униформи. Една година подоцна, уценетиот Заев ги натера пратениците на СДСМ да гласаат закон за двојазичност кој што знаат дека е спротивен на Уставот, велат во ВМРО ДПМНЕ.

Владејачкото мнозинство на сила и без почитување на правото на амандманска расправа го донесе закон за двојазичност, кршејќи го Уставот, законот и Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој закон со кој се наметнува двојазичноста на целата територија на Република Македонија е штетен, неприменлив и неуставен .
Одлуката на Претседателот Иванов да не го потпишува указот на законот за двојазичност е државнички потег и единствен можен кога флагрантно се крши Уставот и се дерогира правото.
ВМРО-ДПМНЕ во денечното соопштение потенцира дека за ова флагрантно кршење на правниот поредок на државата одговорност ќе има .