Мурињо сигурно ќе го „шутне“ Шо

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Лук Шо нема иднина во Манчестер Јунајтед и по крајот на сезоната, Жозе Мурињо сигурно ќе го продаде, убедени се англиските медиуми.

Португалецот многу сериозно го понижи играчот откако го повлече на полувремето со Брајтон во саботата, а потоа го критикуваше јавно за изведбата.

Весникот „Сан“ сепак открива дека уште пред тоа двајцата се скарале силно на тренинг и за играчот станало јасно дека нема иднина на „Олд Трафорд“.

Во деновите пред натпреварот, Шо побарал средба со Мурињо за својата иднина во тимот, по што сепак следеле ново катастрофални критики и се дошло до сериозно расправа.

Англиското издание потсетува дека уште од есента 2016 година почнале проблемите меѓу двајцата и сега е апсолутно сигурно дека по завршувањето на кампањата дефанзивецот ќе го напушти Јунајтед, но ќе остане и без учество на светското првенство, бидејќи речиси не играше во сезоната.

Слични содржини