Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Комисијата од утринава е на терен и ги сумира последиците од страшната саботна бура кога брановите високи два метри навлегоа во објектите долж охридското крајбрежје.

Најпогодени беа рестораните и кафулињата од првата линија,кои вчера го расчистуваа хаосот но пријавуваат огромна штета,искршени им се платформите и инвентарот.Полууништен е и градскиот кеј а целосно урнат мостот на желбите кој го поврзува Охрид со Потпеш и Канео.
Вчера расчистуваа сите јавни претпријатија но велат ќе треба време се да се врати во нормала. Штети во домовите пријавуваат и жителите на Пештани. Циклонот Хектор со ветрот кој дуваше дури 100км на час но и високиот водостој во саботата направија пустош на охридското крајбрежје.
Денеска врне дожд но ситуацијата е стабилизирана,надлежните велат дека нема можност за нови големи поплавувања.