И Twitter го забрани рекламирањето на криптовалутите

од desk2
81 прегледи

Неодамна Facebook реши да го забрани рекламирање на криптовалути и содржини поврзани со криптовалутите, а наскоро кон оваа одлука се придружи и Google. Денес пак, медиумите јавуваат дека за ваква забрана размислуваат и од социјалната мрежа Twitter.

Како што пренесува Sky, забраната најверојатно ќе стапи во сила во текот на следниве две недели. Забраната најверојатно ќе вклучува и забрана на реклами за крипто-размени со минимални исклучоци.

Причината за забраната експертите ја гледаат како логична после забраната на криптовалутите и од Facebook и Google, па и Twitter не сака да се изложува на ризик, ниту пак да ги изложи на ризик своите корисници.