Норвешката министерка за правда Силви Листауг поднесе оставка поради објава на Фејсбук.

Таа напиша дека опозициската Лабуристичка партија повеќе е заинтересирана за заштита на правата на терористите отколку на норвешкиот народ.
Тоа е многу осетлива тема за лабуристите, затоа што се уште не се опоравиле од нападот на Андреас Брејвик во 2011 година, кога пукаше на подмладокот на Лабуристичката партија во летен камп на островот Утоја, при што усмрти 69 лица.
Листауг, откако предизвика бес на почетокот на март со својата објава, ја избриша спорната изјава од Фејсбук и се извини, пренесе AP.
Опозициските партии истакнаа дека не е искрена и дека треба да поднесе оставка.