Експерти од СЗО од денеска ја утврдуваат состојбата во родилиштата

од desk2
83 прегледи

Тимови експерти од Светската здравствена организација од денеска почнуваат со посета на родилиштата во државата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека анализата која ќе ја направат тимовите ќе покаже во какви услови функционираат родилиштата.

– Тоа ќе ни овозможи да знаеме во која здравствена установа која проблематика може успешно да се третира врз основа на соодветни критериуми. Едно родилиште за да биде акредитирано соодветно и според светски стандарди не е доволно да има само гинеколози, туку е потребно да има неонатолози и анестезиолози. Сакаме да направиме организиран и интегриран систем во кој државата таму каде има услови кои ќе го гарантираат квалитетот на здравствената услуга, додаде Филипче.