Аргентинскиот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо раскажа пред „Goal.com“ како реагирал на веста за трансферот на Алексис Санчез во редовите на „црвените ѓаволи“.
„Алексис е одличен играч, но меѓу нас на теренот никогаш немало компромиси. Секој пат кога игравме еден против друг, било да е тоа на меѓународно ниво или во натпреварите помеѓу Јунајтед и Арсенал, јас секогаш убаво му влегував во нозете. Уште повеќе, не еднаш сум го навредувал, одново и одново, на што тој реагираше со иста мера. Затоа, кога дознав дека ќе премине во Јунајтед, првото нешто што си реков, беше: „По ѓаволите, не! Сега овој човек ќе игра тука“, рече Рохо.
Санчез се приклучи на Манчестер Јунајтед во јануари од Арсенал, во договор што го испрати ерменскиот репрезентативец Хенрик Миктаријан во спротивна насока.
Сепак, досега, Чилеанецот не успеа да ги исполни очекувањата на „Олд Трафорд“ и постигна само еден гол во шест натпревари во Премиер лигата.