Канте за шпекулациите за ПСЖ: „Среќен сум во Челзи!“

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Халфот на Челзи, Н’Голо Канте тврди дека нема никаква желба да го напушти тимот, во позадина на шпекулациите дека може да премине во ПСЖ во текот на летото.

Францускиот репрезентативец премина на „Стемфорд Бриџ“ од редовите на Лестер во јули 2016 година за 32 милиони фунти и брзо се етаблира како многу важна фигура во редовите на тимот од Лондон.

„Во Челзи сум како дома, се чувствувам одлично и тоа е мојот клуб“, рече тој, цитиран од „Скај Спортс“.

„Ова е моја втора година во тимот. Ние направивме нешто одлично минатата сезона со освојувањето на титулата. Освен тоа, со тимот имав можност да играм во Лигата на шампионите, а сега конечната цел е да се заврши во првите 4“, изјави Французинот.

„Ќе се бориме со сите сили за да можеме повторно да играме во најсилното европско натпреварување следната сезона“.

„Можам дефинитивно да кажам дека сум среќен во Челзи и не мислам на заминување“, заврши халфот.

Слични содржини