Фејсбук загуби околу 37 милијарди долари

од Vladimir Zorba
113 прегледи

  Компанијата Фејсбук загубила околу 37 милијарди долари по скандалот со протекување на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на Фејсбук паднаа околу седум проценти, објави Си- Ен- Ен.

Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Цукерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста на акциите уследи откако американските официјални лица повикаа за истрага поради тоа што личните податоци на 50 милиони луѓе од Фејсбук се земени и злоупотребени без одобрување.